Ви благодариме што ја посетивте веб-страницата на Судско досие. Оваа страница е креирана како дел од проектот КСПС Судско досие, имплементиран од страна на Коалиција „Сите за правично судење“ во партнерство со Радио МОФ, а со финансиска поддршка на Европската Унија преку Шемата за гранотви, како дел од преоктот ACTION SEE- Мрежа за отчетност, технологија и инситуционална отвореност во Југоисточна Европа.
За време на вашата посета на sudskodosie.all4fairtrials.org.mk собираме одредени технички информации. Забележете дека вашата приватност и безбедност се многу важни за нас. Еве што се случува со информациите за вашата посета на нашата страница.
Информации што автоматски се собираат и складираат
Кога ќе ја посетите sudskodosie.all4fairtrials.org.mk, КСПС може да чува некои од следниве информации:
- - IP адресата од која пристапувавте до нашата страница;
- - датум и време;
- - страници што сте ги посетиле на нашата страница;
- - прелистувачот и оперативниот систем што ги користевте.
Ние ги користиме овие информации за да ја направиме нашата страница покорисна за нашите посетители, да идентификуваме проблеми со нејзиното функционирање и да ја подобриме целокупната безбедност на нашата страница.
Правната основа за обработка на податоците е наш легитимен интерес да овозможиме функционалност и ангажирање на нашите корисници на sudskodosie.all4fairtrials.org.mk
Ние нема да ги споделиме овие информации со трета страна, освен во случаи и на начин што е изрично пропишано со закон (на пример, заради водење кривична постапка). Собраните податоци не ги изнесуваме од Република Северна Македонија.
Колачиња
Со цел нашата веб-страница да работи правилно, ние користиме мали датотеки што нашата веб-страница ги чува на вашиот уред. Колаче е мала текстуална датотека зачувана од веб-страница на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате нашата веб-страница. Колачињата се користат за да се направи вашиот уред препознатлив при секоја последователна посета. sudskodosie.all4fairtrials.org.mk користи колачиња кои траат сè додека трае една сесија / посета на нашата страница и тоа за технички цели. Овие колачиња не снимаат трајно податоци и не се чуваат на хард дискот на вашиот уред. Тие се достапни само додека е активна сесијата на прелистувачот. Кога го затворате прелистувачот, овие колачиња исчезнуваат. Употребата на колачиња во никој случај не е поврзана со информации што ни овозможуваат да го идентификуваме вашиот идентитет. Можете да ги отстраните или блокирате колачињата со промена на поставките на прелистувачот. За инструкции како да ги исклучите колачињата, посетете ја: https://www.aboutcookies.org/.
Општо известување за одрекување и авторско право
Информациите презентирани на оваа веб-страница се сметаат за авторски права на проектот КСПС Судско досие. За возврат, ве замолуваме да го наведете Судско досие како извор на податоци, фотографии и други содржини преземени од оваа веб-страница и соодветно да ги наведете имињата на авторите на фотографиите или текстовите.
Одрекување одговорност
Ние ги правиме сите напори да ви обезбедиме точни и целосни информации. Сепак, не можеме да гарантираме дека нема грешки. Ние не тврдиме, ветуваме или гарантираме точност, комплетност или соодветност на содржината на оваа страница и изрично ја одрекуваме секоја одговорност за грешки или пропусти во содржината на нашата страница.
Оваа веб-страница е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европската унија преку Шемата за грантови, како дел од проектот ACTION SEE- Мрежа за отшетност, технологија и институционална отвореност во Југоистична Европа. Нејзината содржина е единствена одговорност на Коалицијата „Сите за правично судење„ и не ги одразува ставовите на Европската унија или на некој од нејзините партнери во проектот.
Исто така, Европската Унија преку Шемата за гранотви, како дел од преоктот ACTION SEE- Мрежа за отчетност, технологија и инситуционална отвореност во Југоисточна Европа, не презема никаква правна одговорност за точноста, комплетноста или корисноста на информациите, производите или процесите опишани овде, ниту отсуството на компјутерски вируси, ниту пак гарантираат дека употребата на тие информации, производ или процес ќе биде целосно ослободено од повреда на сопственичките права.
Одрекување одговорност за промоција на трети страни
Информациите објавени на нашата веб-страница, исто така, вклучуваат врски до информации подготвени и управувани од други јавни институции. Нашата веб-страница ги содржи овие врски со единствена цел да ги информираме нашите корисници. Кога нашите корисници избираат врска до друга веб-страница, тие ја напуштаат страницата sudskodosie.all4fairtrials.org.mk и затоа подлежат на политика за приватност и безбедност на сопствениците / спонзорите на други веб-страници. Како оние што ја водат оваа страница:
- - ние не ја контролираме или гарантираме точноста, релевантноста, навременоста или комплетноста на информациите содржани на страниците кон кои водат надворешните врски;
- - ние не ги поддржуваме ставовите или производите / услугите што ги нудат или спонзорираат надворешни врски до веб-страници,
- - не можеме да одобриме употреба на материјал заштитен со авторски права којшто го содржат страниците кон кои водат надворешните врски; корисниците мора да бараат дозвола од сопствениците на овие веб-страници;
- - ние не сме одговорни за пораките што корисниците можат да ги примаат од веб-страниците поврзани со надворешни врски;
Наша препорака е да ги проучувате политиките на сите веб-страници до кои може да пристапите преку нашата веб-страница, затоа што откако ќе ја напуштите sudskodosie.all4fairtrials.org.mk, ќе подлежите на одредбите за приватност и безбедност на овие други веб-страници.
Социјални мрежи
Проектот КСПС Судско досие ја промовира својата содржина преку профилот на Коалиција „Сите за правично судење“ на социјалните мрежи (Фејсбук и Твитер) управуван од Коалиција „Сите за правично судење“. Секако охрабруваме да коментирате и да разговарате на нашите профили, но ве молиме имајте предвид дека станува збор за јавни форуми и како такви содржат информации кои се достапни за секого. Ве молиме, не користете детали како што се вашиот телефонски број, адреса на е-пошта или други лични информации што не сакате да му бидат достапни на секој.
Додека некои од вашите лични информации можат да бидат достапни на проектот Судско досие доколку користите социјални мрежи (на пр. Можеме да ги видиме вашето име и слика ако коментирате за некои наши објави), ние нема да ги собиреме, чуваме или споделуваме овие информации.
ДОСТАПНОСТ
Пристап до документи во различни формати
Некои од документите на веб-страницата на проектот Судско досие се во PDF (Portable Document Format), дозволувајќи податоците да бидат прикажани во нивниот оригинален формат без оглед на видот на уредот, прелистувачот или оперативниот систем што го користите за пристап до Интернет. За да ги видите, пребарувате и печатите документите во PDF формат, прво мора да го инсталирате соодветниот бесплатен софтвер Adobe Reader (https://get.adobe.com/reader/).За најдобри резултати, треба да ја инсталирате најновата верзија. Посетете ја страницата за Помош и поддршка на Adobe Reader: (https://helpx.adobe.com/en/support.html) за повеќе совети ако имате проблеми со оваа програма.
Проверка на содржина
Доколку сакате да ги проверите информациите објавени на нашата веб-страница, можете да не контактирате на следниов начин:
Коалиција „Сите за правично судење“ во име на проектот КСПС Судско досие
ул. Македонија бр.11/2-10
Република Северна Македонија
Телефон: +389 226139874
Е-пошта: contact@all4fairtrials.org.mk
Повеќе информации
Ако имате какви било прашања или коментари во врска со информациите на нашата веб-страница, ве молиме контактирајте ja Коалиција „Сите за правично судење“ преку телефонскиот број наведен погоре или испратете ни мејл.